Предизборна кампања со “ниски удари“

Како се наближуваат изборите, и политичките партии ја менуваат реториката на обраќањата кон народот. Дури и оние кои ветија дека својата кампања ќе ја базираат исклучиво на ветувања за иднината, не одолејаа и ја прифатија “прљавата игра“. Деновиве можат да се слушнат секакви коментари, лични навреди, да се прочитаат секакви колумни, во кои не се одбираат зборовите.

По радијата кружат платени политички реклами во кои, наместо да се презентира сопствената програма, се негодува за случувањата на политичкиот опонент во минатото. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, кој на почетоток на кампањата велеше дека ќе се фокусира само на сопствената програма, без напади кон неговиот опонент Црвенковски, може да се забележи дека ни малку не си го одржа зборот.

И опозиционите партии во трка за гласови, на своите митинзи презентираа груби говори. Црвенковски, исмејувајќи ја целата кампања која се води против него, што е особено чудно, бидејќи тој не е кандидат за пратеник ниту во една изборна единица, а не изостанува ни лидерот на ОМ, Љубе Бошковски, со своите говори полни со прозивања и директни навреди кон владејачката ДПМНЕ.

И пишаните медиуми не се изоставени. Деновиве во еден од весниците осамна колумна со наслов и насловна страница преполна со лични обвинувања и вулгарни зборови.

Сѐ на сѐ, во моментот политичката култура е на многу ниско ниво. Граѓаните се надеваат дека ваквите случувања ќе завршат заедно со предизборната кампања и нема да се одразат на денот на гласањето, бидејќи тоа би оставило црна дамка и би не уназадило во процесот на евро-интеграциите.

 

 

Коментари  

 
-7 # RAZOCARAN 27-05-2011 13:09
STO DA TI PRAVAM BE BRAT! DALI LICI ZA PORANESEN PREMIER I PRETSEDATEL TAKA DA SE ODNESUVA? POSLE OVA MOZDA I ZA VMROTO NEMA DA GLASAM AMA SIGURNO I ZA SDSM NE GLASAM! DEFINITIVNO BRANKO BESE PIJAN, ZA ZAL LOSO VEKE SE ODRAZI I NA RADMILA!
Одговори
 
 
+4 # Дејан 28-05-2011 09:25
Бранко само се брани од нападите на грујо. Бранко не е кандидат за пратеник па зошто толку многу го напаѓаат неге? Затоа што немаат кого друг да нападнат. Шекеринска нема лошо минато па сега грујо игра на картата напад на Бранко и оцрнување на СДСМ. Е тоа не поминува веќе кај народот.Шекеринска како кандидат за премиер е далеку поприфатена кај народот отколку грујо. Е тоа е тоа што го боли грујо, тоа е тоа што неопределените ќе ги натера да се определат. Грујо нема друг излез освен да го оцрнува СДСМ а со тоа да се обиде кај народот да створи чувство на одбојност. Ама народот е паметен и нема да гласа за партија туку ќе гласа за личност а во овој момент подобар избор е Шекеринска.
Одговори
 
 
+1 # strumicanka 04-06-2011 09:28
Grujo tolku e isfrustriran tolku e uplasen tolku e jaden i beden !!!!! zalce mi e
Одговори
 

Дадете коментар

При пишување на коментар, не користете навредливи и вулгарни зборови бидејќи коментарот ќе биде отстранет.

новости | рејтинг на партии | рејтинг на личности | актуелни настани | рејтинг на емисии
rejting.com.mk © 2011