Граѓаните однапред знаат за кого ќе гласаат

Дали веќе се одлучивте за кого ќе гласате на изборите?Во Македонија најголем дел од граѓаните однапред знаат кому ќе го дадат својот глас. Отворена на само 4 дена по почетокот на предизборната кампања, е-анкетата на Фејсбук покажува дека над 90% се изјасниле дека се одлучиле кој кандидат ќе го поддржат на претстојните избори.

Ваквиот избор укажува на две работи. Прво, голем е бројот на партиски активисти кои се ангажирани да придонесат за победа на нивната партија. Второ, се поставува прашањето дали е навистина неопходно партиите да трошат толку големи суми на пари на пропаганден материјал, кога гласачите се веќе определени?

Наместо со безвреден пропаганден материјал, партиите треба да се натпреваруваат во донации и помош на граѓаните. И тоа не само пред избори.

 

Анкетата, можете да ја погледнете овде:

Дали веќе се одлучивте за кого ќе гласате на изборите?

 

Коментари  

 
+2 # Mirjana Toskova 27-05-2011 09:52
DA
Одговори
 
 
+3 # Дејан 28-05-2011 22:25
Секој веќе знае за кого ќе гласа ама сите мудро молчат. Се што имаат да кажат ќе го кажат на 5-ти јуни. Во ова време опасно е да се кажува за кого же се гласа.
Одговори
 

Дадете коментар

При пишување на коментар, не користете навредливи и вулгарни зборови бидејќи коментарот ќе биде отстранет.

новости | рејтинг на партии | рејтинг на личности | актуелни настани | рејтинг на емисии
rejting.com.mk © 2011