|
Уште една “ракавица“ фрлена кон Груевски, овој пат од кандидатот за премиер на опозиционата СДСМ, Радмила Шеќеринска. Таа денес го повика Груевски на ТВ дуел, бидејќи, како што рече, не сакал да излезе со Бранко и да разговара за минатото, па таа го повикува да разговараат за иднината. Овој е втор повик за дуел од СДСМ до Груевски. Од таму пак, нема дециден одговор. Нивниот дуел ќе се одржел на 5-ти јуни пред граѓаните.
Кон Груевски деновиве беше упатен и повик за дуел од лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски. На македонската јавност и останува да види дали Груевски конечно ќе се согласи на ТВ дуел со било кој опонент до крајот на предизборната кампања.
|
Коментари
RSS новости за коментарите.