|
Европската комисија денес излезе со став - нема потреба од враќање на визите кај оние држави кои на почетокот на месецот беа посочени дека ја злоупотребуваат Шенген-слободата. Ваквата одлука ќе важи и за Македонија и за Србија, кои се најдоа на овој список. ЕУ ќе продолжи со дијалозите и контролите спрема овие држави, и останува предупредувањето да се преземат сериозни мерки во сузбивањето на нелегалната миграција. Сега за сега ставот на ЕУ кон ова прашање е ваков, но тие најавија дека доколку продолжат негативните појави, не се исклучуваат поинакви мерки.
|