| ПРОГРЕС: СДСМ победник на изборите! |
|
Институтот за социјална демократија “Прогрес” спроведе анкета на која СДСМ има најмногу гласови. Запрашани за кого би гласале ако избори се одржуваат утре, 22,3 отсто од испитаниците се определиле за СДСМ, 19, 8 отсто за ВМРО- ДПМНЕ, 8,1 отсто би гласале за ДУИ, за ДПА 5,6 отсто, за НДП на Руфи Османи 2,9 отсто, додека за Нова Демократија 2,8 отсто. Малку помалку, 2,7 отсто се решиле за Обединети за Македонија, за ВМРО-НП 1,8 отсто, додека за НСДП 0,9 отсто, а 0, 3 отсто поддршка има ЛДП. Околу 16 отсто од испитаните граѓани сеуште немале донесено одлука, додека одговор не сакале да дадат 17 отсто. На прашањето дали очекуваат фер избори на 5 јуни, 51,2 отсто од граѓаните се изјасниле дека не очекуваат фер избори. Високи 67,6 отсто сметаат дека одбивањето на ТВ дуел од страна на Никола Груевски е израз на страв и бегање од одговорноста, додека 24, 3 отсто сметаат дека Никола Груевски е во право и нема што да разговара со Црвенковски, додека 8,1 отсто не дале одговор. |
Коментари
Не повеќе од 2500 луѓе од кои најголем дел пристигнати во Битола кој со воз, кој со комбиња и приватни возила, дури и неколку јунаци на коњи.
Имаше граѓани од секаде, но најмалку битолчани.
Сметката за ова луксузирање по којзнае кој пат - ја платија битолчани.
Еден јаде и пие - друг плаќа.
Се трошеше безмилосно. Вчера на сред бел ден канделабрите на Широк Сокак светеа во портокалова боја, вчера цел ден низ Битола вртеа службени возила со партиски лепенки и знамиња, вчера беа потрошени на тони бензин и сето тоа на сметка на граѓаните. Вчера сите општински институции беа ставени во функција и служба на кампањата на ДПМНЕ.
Дури и возилото што ротаријанците им го донираа на невладината организација СТОП НУС, чиј претседател Талески го назначи за командир на противпожарната служба, вчера неуморно низ цел град разнесуваше знамиња.
Вчера градоначалникот и претседателот на општинскиот совет, и двајцата кандидати за пратеници, со цел пред Грујо да се покажат како добри домаќини, не го жалеа ниту штедеа општинскиот буџет.
Имаше се, од пиле млеко, како што се вели. Имаше се – ама Битолчани немаше.
Како врв на сето тоа на крајот беа испукани безброј ракети во грандиозен огномет. И Битола остана зачудена: никогаш досега никој како ГРУЈО толку грандиозно не го прославил својот пораз.
Од вчера едно е јасно: во Битола повеќе Груевци не поминуваат. Битола ги препознава нивните лаги дури и кога портокаловите се обидуваат да се маскираат префарбани во црвено. Портокаловата преродба во Битола е нокаутирана. Битолчани им бројат до десет. Битолчани повеќе не им се плашат. Битолчани знаат на сите закани и притисоци да одговорат со храбра и вистинска одлука.
На 5 Јуни Битола ќе ја одбере својата европска иднина. Чиста десетка за Битола.
На крај, дозволете да го честитам големиот празник на сесловенските просветители на граѓаните на Битола.
RSS новости за коментарите.