Нов начин на водење предизборна кампања: со донации

Народот ќе гласа за оној кој вистински ќе помагаКарактеристично за кај нас е пред избори сите да се размрдаат, особено Владата. Се реновираат булевари, се отвораат сали, се купуваат автобуси итн. Сето тоа е добро. Но, од друга страна, кај нас партиите трошат буквално цело богатство на пропаганден материјал.

За жал, тие пари се трошат на митинзи,билборди, повеќеминутни ТВ реклами,реклами во весници (во боја), тефтери, маички, пенкала, па дури и на локуми,кафе и наполитанки. А, во Македонија може да бирате кому да помогнете.

Зарем не е жалосно да се фрлаат милиони евра „во ветер“, во време кога една третина од работоспособното население е невработено, а има и исто толкав број сиромашни?

 

Камо среќа партиите кампањите да ги водеа со донации, па според нив да се фалеа пред избори. Кој најмногу помогнал. Барем луѓе на кои може да им се помогне има повеќе од доволно.

Живееме за денот кога партиите, пред избори, меѓу себе ќе си префрлаат за тоа дека „другите“ не донирале доволно. Верувајте, многу поголем ефект ќе има доколку им помогнете на очајните, гладните, болните, наркоманите, затворениците, и на цела друга армија од загрозени категории на луѓе. Народот ќе гласа за оној кој вистински помага.

 

Затоа, почитувани, дела, а не зборови.

 

Коментари  

 
0 # Elizabeta Ristovska Petrovska 23-05-2011 16:54
демократска десница е една од партиите која води ваква кампања, дури и сметаме дека сме првата политичка партија која води иновативна кампања во Македонија,

Елизабета Ристовска Петровска
Кандидат за пратеник во Изборна единица 3
Одговори
 

Дадете коментар

При пишување на коментар, не користете навредливи и вулгарни зборови бидејќи коментарот ќе биде отстранет.

новости | рејтинг на партии | рејтинг на личности | актуелни настани | рејтинг на емисии
rejting.com.mk © 2011