Ване Цветанов си поднесе оставка од директорската позиција во УСППФТ

Цветанов вели дека си поднел оставка поради незаинтересираноста на Владата за борбата против вистинскиот криминал. Ване Цветанов, директорот на Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам, за кого Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе иницијатива до Владата за негово разрешување, денеска поднесе оставка од функцијата која ја извршуваше од 2006 година.

Тој вели дека неговото повлекување се должи на „лицемерната политика и незаинтересираност за борба против вистинскиот криминал од страна на Владата“, а не поради иницијативата на ДКСК.

„Во 2006 година стапив на функцијата целосно верувајќи во одлучноста на Владата и премиерот за бескромпомсина борба против криминалот. Во првите три години работевме со елан и верба во таа борба, но...со излегувањето на резулатите на виделина, со обработката нс случаите, беа засегнати многу моќни структури, групи и интереси. Кога до полицијата беа доставени купишта од Случаи - летото 2009 – почнаа проблемите“, додава Цветанов во образложението на својата оставка.

ДКСК бараше разрешување на Цветанов поради констатирани пропусти во работата од страна на Државниот завод за ревизија.

Претходно во соопштението Цветанов открива дека имал притисоци од владата да не дава изјави за јавноста за да се заборавел неговиот случај, а потоа добил и како што вели, непристоен предлог да си даде оставка од функцијата за во септември да добие нова. На ова, Цветанов во отвореното писмо до Груевски одговара:

„Во партијата влегов неколку години пред вас, но не влегов за функција, ниту имам намера да се пазарам за функции, пишува Цветанов. На функцијата стапив да се борам против вистинскиот криминал кој го гуши и стопанството и народот, но веројатно застанав на многу патишта па ме снајде состојбава, додава Цветанов, кој во соопштението уште се жали и дека покрај многуте обиди и барања за средба со Груевски последната година, премиерот не нашол за потребно да разговара со него ниту еднаш“.

 

Коментари  

 
0 # Tina 29-07-2010 09:11
VMRO-DPMNE i nema sto da im ponudi na stecajcite,toa go moze Brance
Одговори
 
 
0 # loza 09-08-2010 08:28
...VMRO... profesionalizmo t i strucnosta se najvaznite elementi koi treba da bidat podrzani od site Vladi na R.Makedonija, samo na ovj nacin ke odime napred i institucii koi nema da bidat proforme...
....Sloboda ili zivot....
Одговори
 

Дадете коментар

При пишување на коментар, не користете навредливи и вулгарни зборови бидејќи коментарот ќе биде отстранет.

новости | рејтинг на партии | рејтинг на личности | актуелни настани | рејтинг на емисии
rejting.com.mk © 2011