|
Од синоќа после полноќ започна предизборниот молк. Во овој период партиите не смеат на никаков начин да влијаат врз гласачите. После бурната кампања спроведена во изминатиов период, следуваат 24 часа без политички реклами и митинзи. Во гратскиот парк денес има целодневен хепенинг посветен на фер и демократски избори, како дел од караванот “Каков белег ќе остаиме?“.
Гласањето е закажано за утре. Гласачките места се отвораат во 07:00 часот наутро и ќе бидат отворени до 19:00 часот. Денес се спроведува гласањето за болните и изнемоштени лица, раселените, како и оние кои се наоѓаат во протвор или се на издржување казна затвор во казнено-поправните домови.
|
|
|
На враќање од митингот во Прилеп, на делницата кај Росоман синоќа е нападнато возилото во кое се возела Радмила Шеќеринска, кандидат за премиер и носител на избирачката листа во ИЕ 1 од СДСМ. Според нејзините кажувања, автомобилот, кој претходно аблендирал, се доближил од нивната лева страна како да сака да ги претекне, но наместо да ги одмине, се задржал во иста линија, возејќи паралелно со нив, кога во еден момент од прозорите почнале да летаат шишиња кон возилото во кое се наоѓала Шеќеринска.
Не сакаше да коментира дали ваквиот напад е случаен и кој стои зад него, но порача дека после 5ти јуни ваквите случувања мора да се сменат.
|
|
Според најновата анкета на Институтот за демократија, спроведена на 1.111 испитаници, сеуште се во водство двете најголеми партии, кои се приближуваат со рејтингот, па така за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 19,4 %, додека за СДСМ 15,1 % од граѓаните. Меѓутоа, бројот на неопределени и лица што не сакаат да го кажат своето мислење е сеуште голем, дури 47,1 % од испитаниците.
|
|
Како се наближуваат изборите, и политичките партии ја менуваат реториката на обраќањата кон народот. Дури и оние кои ветија дека својата кампања ќе ја базираат исклучиво на ветувања за иднината, не одолејаа и ја прифатија “прљавата игра“. Деновиве можат да се слушнат секакви коментари, лични навреди, да се прочитаат секакви колумни, во кои не се одбираат зборовите.
|
|
Во Македонија најголем дел од граѓаните однапред знаат кому ќе го дадат својот глас. Отворена на само 4 дена по почетокот на предизборната кампања, е-анкетата на Фејсбук покажува дека над 90% се изјасниле дека се одлучиле кој кандидат ќе го поддржат на претстојните избори.
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 28 |