Кацин: ЕУ да помогне да се најде компрoмис за името

jelko kacin

Советот на ЕУ, Европската комисијата, па дури и самиот еворкомесар за проширување мораат да најдат своја улога околу изнаоѓањето компромис за името за Македонија, затоа што единствено успехот на тоа поле може да гарантира забрзување на европската интеграција на земјата и на остатокот на регионот - вели Јелко Кацин.

Тој со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, во Стразбур разговарале главно за процесот на европски интеграции, каде што Кацин додал: Ширењето на ЕУ не смее да попушти. Од клучна важност е да се одржи динамиката на европските интеграции на Западен Балкан односно додека една земја се наоѓа на крајот на преговорите за членство, ЕУ да отвори преговори со следна земја од регионот, подвлекол Кацин, укажувајќи дека Македонија чека да добие датум за почеток на преговорите веќе пет години.

 
новости | рејтинг на партии | рејтинг на личности | актуелни настани | рејтинг на емисии
rejting.com.mk © 2011